Сношти во Музејот на Град Скопје беше одржана изложба и беа доделени награди по повод традиционалната манифестација „АСК – Архитектура Скопје“. На годинешниов конкурс беа пријавени 45 проекти, а комисијата одбра 37 архитектонски дела кои влегоа во официјална конкуренција. Добитници на Главната награда се архитектите Звонко Тасевски и Крсте Петров од „ДСЦ Дизајн“, за проектот административна зграда на „Граве“.
Признанија за посебен придонес во архитектурата добија Никола Велковски, Светлана Јончевска и Марко Трајковски од „Делта инвест“, за административно-деловнен објект со магацински простор „STIHL“, како и Јовица Стефановски, Катерина Петрушевска и Ивана Стефановска од „Јасива“, за апартманско-деловен објект на „Градба промет – Алки“.
Наградени беа и Зорица Блажевска и Ана Савева за проектот „ЕКО-ХАУС“ – монтажна дрвена куќа и Миодраг Радоњиќ и Ранчо Христов со соработниците Ана Пановска-Докузовска и Дамјан Христов од „Атеље Ајвар“, за катната гаража на „АДГ Илинден“ во населбата Аеродром.