GEZE во движење од 1863. Ова јубилејно мото означува 150 години во кои GEZE со своите производи и системи придвижува врати, прозорци и технологии кои имаат важна улога во градежништвото.
Движење и иновативна сила стојат зад системскиот карактер на GEZE продуктите како целосни решенија од еден извор. Тие ги исполнуваат индивидуалните барања за врати и прозорци во комплексни системи. Движењето и системската филозофија на продуктите беа симболизирани во архитектурата и дизајнот на саемскиот штанд на GEZE на BAU 2013 во Минхен. Заоблени елементи кои споени формираат круг. Автоматски ротирачка кружна платформа служеше како едно од местата за средби, а вечното движење беше претставено и преку фасцинантниот „воден ѕид“.
Претставувањето на производите служејќи се со најсовремената мултимедијална технологија беше иновативно како и самите производи. Со помош на „QR“ кодови на сензорните екрани и на брошурите на GEZE, посетителите можеа да ги видат карактеристиките на продуктите и на своите смартфони.
Технологија за врати
Целата гама на автомати TS 5000 и интегрирани автомати за врати GEZE Boxer EFS за единечни и двојни крила, се дополнително развиени и подобрени во однос на технологијата и дизајнот. Една од новините е тоа што автоматите можат да се користат на неограничени противпожарни врати со сила на затворање до ES 6 и ширина на крилото до 1.400 mm. Новата функциjа за заклучување во отворена позиција, која може да се монтира и дополнително, овозможува вратата да биде лесно фиксирана на крајот на одот, без да влијае на функцијата за затворање во случај на пожар.
Со компактниот лизгачки систем Levolan 60, GEZE создаде ново елегантно решение за дизајнерски и лесни за употреба ентериерни рачно лизгачки врати. Новиот дампер SoftStopDuo овозможува глатко сопирање на двете страни дури и на тенки крила. SoftStopDuo може да биде користен и за лизгачките системи Rollan, Perlan и Levolan 150. Новиот систем за монтажа Levolan 60 Smart fix дозволува брза и едноставна инсталација на Levolan 60.
Системи за автоматски врати
„Невидливото” отворање и удобното преминување се обезбедени од новиот вграден автоматски механизам за придвижување на врати на шарки ECturn Inside. Неговите компактни димензии овозможуваат да биде вградуван во крилата на ентериерни врати. ECturn Inside не влијае на дизајнот на вратата и отвора/затвара автоматски и „невидливо”.
Новата автоматска ротирачка врата TSA 325 NT RC2 нуди тестирана и сертифицирана противпровална отпорност без да се менуваат естетските карактеристики на вратата. Иновативниот софтвер GEZEconnects и брзата Bluetooth радио трансмисија гарантираат дека автоматските лизгачки врати, ротирачки врати и врати на шарки од гамата на GEZE се програмират и одржуваат лесно и ефикасно.
Технологии за природно одведување на чад и топлина и за секојдневна вентилација
GEZE го претстави новото поколение ланчени механизми. Придвижувачите ECchain, Slimchain, Powerchain и сериите E 920 – E 990 се одговор на современата технологија за автоматизација на зградите, затоа што секој механизам соодветствува на специфични кориснички барања. Заедно со соодветните заклучувачки придвижувачи Е 905 / Е 906 и Power lock, тие формират комплетна гама во доследниот GEZE дизајн. Автоматските механизми Slimchain, Powerchain, и тие од серијата E 920 – E 990, како и вретенестиот механизам E 250 NT беа опремени со најсовремената технологија за управување и контрола. Това дозволува придвижувачите да бидат прецизно адаптирани кон разноразните барања на режимите на секојдневната вентилација или за одведување на чад. Технологијата за контрола обезбедува база за мрежно врзување на неколку прозорци на една фасада, со тоа овозможувајќи интелигентно управување на прозорците.
Системи од стакло
Преградните стаклени системи создаваат отворен и транспарентен дизајн во просториите. Системот Pendulo овозможува реализација на редица варијанти за врати на шарки со двосмерно отворање („летечки врати“). Новата алатка за конфигурирање, создадена за системот Pendulo, значително го олеснува проектирањето и изведбата, како и нарачката. Само неколку спецификации се неопходни за автоматското конфигурирање на системот, заедно со листите на компонентите и сите нацрти.
Безбедносни системи
Системот за контрола на пристап GEZE SecuLogic беше надграден со две опциони интерфејс можности. Алармниот блок GCAU 200, којшто ја комбинира контролата на пристап со алармниот систем на зградата. На тој начин активирањето и деактивирањето на алармниот систем на зградата може да се случи со посредство на системот за контрола на пристап. Контролиран пристап преку лифтовите на зградите е возможен со користење на новиот релејски модул GCOC 8 како контролен елемент за лифтови. Релејскиот модул може да се искористи за огранизирање и доделување авторизација за користење на лифтовите и авторизација за пристап до одредени спратови.
Анти-паник бравата IQ lock AUT е мултифункционално системско решение за паник врати со автоматски крила. Тоа значи дека и двете крила – и активното и пасивното, можат да бидат отклучени од една моторна брава. Благодарение на полната анти-паник функција, и двете крила можат да се отклучат механички и истовременно во случај на вонредна ситуација, со притискање на на анти-паник бравата. После поминување низ вратата, механичката функција за самозаклучување се активира брзо и сигурно. Автоматската отклучувачка функција го прави системот исклучително прилагодлив. Во комбинација со оператор за автоматски врати на шарки, IQ lock AUT ги отвора безбедно и двете крила, дури и кога има бројни дополнителни барања како на пример неограничено преминување, контрола на пристап или имплементација на систем за одведување на чад.
Системи за згради
GEZE ја заокружи презентацијата на својата системска експертиза со системот за управување на врати, прозорци и безбедност. Системот може да се користи за придвижување, одржување и подесување на елементите. Еден универзален интерфејс овозможува комуникација на системот со сите стандардни BUS системи и на тој начин брзо и едноставно врзување во мрежа на GEZE системот за управање со системите за управување на зградата од повисок ранг. Со помош на GEZE Cockpit App, корисниците можат далечински да ги визуелизираат и управуваат прозорците и вратите врзани в системот.