Претходна статија
Распишан тендер за втората фаза од изградбата на „Светиклиментовиот универзитет“
Следна статија
Транспортот во Македонија и понатаму се развива со несразмерно темпо

GEZE Консалтинг

Отворање и затворање како со магија: разновидност на функции и решенија

Објавено на 30.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Модерните врати и прозорци во современите згради се мултифункционални. Тие мора да бидат внимателно избрани и оптимално прилагодени на специфичните барања при нивната примена во хотели, трговски центри, болници, аеродроми и други јавни објекти. Улогата на GEZE консултантите е важна во секоја фаза од процесот – во текот на дизајнирањето и градбата на совршен и енергетски ефикасен објект кој ги исполнува и идеите на инвеститорот и сите национални и светски барања и нормативи.

 

 

Во фоајето – најдобриот прв впечаток

 

Футуристички и модерни, елегантни и изведени со вкус, или луксузни и гламурозни – влезните делови се одговорни за (најдобар!) прв впечаток што гостите ќе го добијат кога ќе влезат во хотел. Амбиентот на маркантен влезен дел во хотел е нагласен со автоматски врати. Атмосферата на елеганција во фоајето може да биде истакната со ротирачки врати или со автоматски кружни лизгачки врати, со свиткани, фино врамени стаклени елементи. Прозирни од сите страни, тие резултираат со одлично осветлени, отворени влезни зони. Создаваат поголем простор за поминување, дури и во случај на мали надворешни димензии или во случај на мала висина на преминот. Софистицираните автоматски GEZE Slimdrive SCR кружни лизгачки системи на врати обезбедуваат пристап без бариери за гостите со багаж. Инвалидските колички или портирите со колички за багаж поминуваат низ нив без никакви проблеми. Нивната ефикасност исто така овозможува проток на голем број луѓе одеднаш, брзо и удобно. GEZE кружните лизгачки врати воедно обезбедуваат и сигурност, затоа што се достапни и во верзии кои служат како итни излези. Во случај на опасност или прекин на електричната енергија, тие се отвораат и остануваат отворени, така што е можно напуштање на хотелот брзо и безбедно.

 

#

 

 

 

Превенција на пожари – интелигентно одведување на чад и топлина

 

Безбедносните аспекти и лесниот пристап во јавните згради треба да бидат максимално имплементирани, дури и над законските барања. GEZE консалтингот во превенција на пожари е за одржување на итните излези без чад, затоа што во случај на потреба секој треба да биде на безбедно место што е можно побрзо. Во овој поглед GEZE консултантите се поддршка при дизајнирање на целосен систем за одведување на чад и топлина кој автоматски се активира, на пример со детектор на чад. Соодветните контролни единици овозможуваат координирано активирање на сите врати и прозорци опремени со системи за отворање, за да служат како вентилациони отвори за свеж воздух или како одводи за чадот. Како добредојден пропратен ефект за заштеда на енергија, тие исто така ги мониторираат и ги контролитаат нормалните секојдневни функции на вентилација.

 

##

 

 

 

Пристап за сите и дизајн, дури и зa противпожарните врати

 

Противпожарните врати, на пример во ходници или во конференциски сали, мора да се затворат безбедно и автоматски во случај на пожар. Во софистицираната архитектура ова е обезбедено со затворачи на врати со слободен од, кои се речиси невидливи – скриени во крилото на вратата на елегантен начин. Во зависност од барањата, соодветни затворачи од GEZE “Boxer” спектарот на производи, овозможуваат вратите да останат постојано отворени и се особено погодни за врати без бариери. Откако ќе се отворат (на пример наутро) можно е да се помине низ вратите во двете насоки без дополнителни отпор, како низ “обични” врати. Во случај на пожар, вратите автоматски се затвораат за да се спречи ширењето на огнот.

 

Системите “Hold-open” овозможуваат противпожарните врати да се држат отворени со помош на електрична енергија и да се затворат безбедно во случај на пожар. Крилата на вратата можат да бидат заклучени во отворена позиција и низ нив да се поминува без пречка, се додека не се затворат рачно, или во случај на пожар автоматски. За употреба на двокрилни врати кои многу често се користат во пасажи, сите компоненти на “Hold-open” механизмот се скриено вградени во Boxer GEZE Е-ISM затворачот на врати, вклучувајќи ја и секвенцата за контрола на затворањето. Секвенцата има многу важна функција и обезбедува дека двете крила на вратата ќе се затворат по правилен редослед, а со тоа и безбедно, во случај на пожар.

 

#

 

 

 

Одвојување и поврзување со дизајн – системи на рачни лизгачки ѕидови

 

GEZE консултантите работат заедно со архитектите и инвеститорите, за да се постигне отвореност и транспарентност на просторот, кој може и да биде и поделен. Во салите за состаноци и конференции, просториите треба да можат да се одвојат брзо и едноставно. Во продавниците, рестораните и бистроата, флексибилност на просторот се бара се повеќе и почесто, на пример за привремени опции за исхрана.

 

##

 

#

 

 

 

 

 

Главната улога на GEZE консултантите е да им дадат поддршка на архитектите и инвеститорите при изборот помеѓу различните опции, како и во реализацијата на најсоодветното решение кое ги задоволува сите естетски но и нормативни барања.