Претходна статија
Годинава ќе започне уредувањето на коритото на река Серава во Бутел
Следна статија
Градежниците позитивно гледаат кон работењето во вториот квартал од годинава

Гевгелија и две грчки општини заеднички ќе работат на регулација на коритото на Конска река

Објавено на 18.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со европски средства до заедничка соработка на општините Гевгелија, Халкидона и Пеонија за регулација на коритото на Конска река. Проектот во вредност од 1.448.329 евра ќе обезбеди одржливо управување со водените ресурси во прекуграничниот регион меѓу Македонија и Грција. Општина Гевгелија ќе добие 516.000 евра за регулација на речното корито на Конска река во должина од 600 метри. Со претстојниот зафат ќе се формира минор коритото на регулација, 7 каскадни прагови и заштитни насипи. На ЈПКД Комуналец од Гевгелија му се доделени 123.807 евра за оформување на лабораторија за мерење на квалитетот на водата.

 

Градежните активности ќе започнат претстојната есен. Со зафатот ќе се интервенира во најкритичниот дел од коритото, кое досега предизвикуваше излевање на речните води и загрозување на блиските станбени објекти во Гевгелија при пообилни врнежи. Во рамките на првата средба, градоначалниците на општина Пеонија Христос Гунденудис, на општина Халкидона Јанис Цукнидис и на општина Гевгелија Сашо Поцков посочија дека реката Вардар ги обединува сите три прекугранични општини.

 

Проектот АКВА М2 е финансиран од Интерег-ИПА Програмата за прекугранична соработка на ЕУ. Техничката поддршка при реализацијата на овој проект ќе ја дава Универзитетот „Аристотел“ во Солун.