Претходна статија
Нов обид за барокна зграда за администрацијата на Македонски железници - Инфраструктура
Следна статија
Наскоро почнува изградбата на Боемската улица во Дебар Маало

Германски „ODW Elektrik“ ќе инвестира во ТИРЗ Струга

Објавено на 11.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нова инвестиција во фабрички погон со вредност од 15 милиони евра ќе донесе 1.000 нови вработувања во охридско – струшкиот регион. Германската компанија „ODW Elektrik“ одлучи да гради индустриски објект што ќе произведува електрични инсталации за автомобили, во рамките на планираната Технолошко индустриска развојна „Струга“. Овој проект ќе започне како браунфилд инвестиција, која подразбира првично функционирање во веќе изграден капацитет. Во натамошниот период ќе се подигне и нова фабрика со површина од околу 10.000 метри квадратни, предвидена да се гради заедно со постоечката инфраструктура во слободната економска зона. „ODW Elektrik“ изработува електрични инсталации за автомобили на познатите глобални производители Порше, Мерцедес и БМВ. Оваа компанија на европскиот континент досега има три фабрики во Германија, Унгарија и Украина.