Претходна статија
Започнува проектот „Купи куќа за млади“
Следна статија
Општина Илинден лидер, останатите општини каскаат со легализацијата на објектите

Германски „Акомпласт“ вложува 3 милиони евра во фабрика во Прилеп

Објавено на 14.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски денес го постави камен – темелникот на нова фабрика на германската компанија „Акомпласт“ во прилепската Технолошко-индустриска развојна зона Алинци. Во индустрискиот објект е планирано да се произведуваат делови за автомобили наменети за европскиот пазар и големите автомобилски брендови, како што се: „БМВ“, „дајмлер“, „ауди“, „фолксваген“, „мерцедес“, „бентли“ и „јагуар“. Германскиот инвеститор ќе вложи во објектот и опремата вкупно три милиони евра, а во погонот ќе вработи 150 лица. Крајниот рок за изградба на индустрискиот објект е претстојното лето. По инвестицијата на „Гентерм“, германски „Акомпласт“ е втора по ред компанија што вложува во ТИРЗ Прилеп.

 

извор на фотографија: Општина Прилеп 

 

 

Производствениот погон за лиење на пластика во Прилеп ќе го гради фирмата „Теракота Инженеринг“, врз основа на изготвената проектна документација на Ј.П. за ПУП – Прилеп. Германската компанија „Акомпласт“ е специјализиран производител на пластично моделирање на делови за автомобилската индустрија. Во нивната фабрика во Македонија ќе вградат врвна и иновативна технологија. „Акомпласт“ има свои производствени погони во Германија, Чешка и Украина.