Претходна статија
Ќе се реконструира магистралниот пат Прилеп - Битола - граница со Грција
Следна статија
Општина Куманово привршува со проектот за реконструкција на улиците

Германски „Акомпласт“ отвори фабрика во ТИРЗ Прилеп

Објавено на 21.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Нова фабрика за производство на делови од пластика и метал за автомобилската индустрија во ТИРЗ Прилеп. Германската компанија „Акомпласт“, преку својата фирма – ќерка „Инџекшн Молдинг Прилеп“, инвестираше 1,2 милиони евра во изградба на погон со површина од околу 1.000 метри квадратни. На денешното пуштање во употреба на фабриката присуствуваа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и прилепскиот градоначалник Марјан Ристески. „Од поставувањето на камен темелникот поминаа скоро година и половина интензивна работа. Ни беше потребна многу сила за да се состават сите парчиња и во текот на работата стекнавме нови добри искуства“ изјави Инес Андре, управител на „Инџекшн Молдинг Прилеп“.

 

*Извор на фотографија: Општина Прилеп

 

Германскиот инвеститор во ТИРЗ Прилеп планира да изгради уште една производствена хала, со што вкупните инвестиции во наредните четири години би пораснале до 3.000.000 евра. Во моментов во фабриката работат 20-тина лица, додека предвидената бројка на работници ќе се искачи на 150. „Македонската влада и натаму ќе биде посветена на привлекување на странски инвестиции и ќе биде нивниот најдобар партнер“ изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев.

 

Инвестицијата на „Акомпласт“ е втора по ред инвестиција во прилепската индустриска зона во Алдинци по онаа на „Гентерм“. Во тек на изградба е и производствен погон на германската компанија „ВИК“.