Претходна статија
„Виз Ер“ ќе лета од Скопје кон Братислава, Берлин и Копенхаген
Следна статија
На Пониква ќе се градат викендички

„Гентерм“ гради фабрика за автоделови во Прилеп

Објавено на 02.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Американската компанија „Гентерм“ (Gentherm) започна со изградба на нова фабрика за автоделови во Технолошко – индустриско развојната зона во Прилеп. Станува збор за производствен капацитет со површина од 21.500 метри квадратни, во кој ќе се произведуваат клима уреди и појаси за автомобили. Вкупната инвестиција изнесува 20 милиони евра и се очекува да донесе околу 2.000 вработувања. Во новата фабрика во ТИРЗ Прилеп е предвидено да се произведуваат делови за автомобилските брендови „Ферари“, „Порше“, „Бентли“, „Рено“ и „БМВ“. Индустрискиот погон треба да почне со работа во јуни следната година.