Во текот на наредната година треба да започне изградбата на магистралниот гасовод од Штип до Неготино, во должина од 36 километри. А.Д. Македонски енергетски ресурси денеска го публикуваше тендерот за избор на градежна компанија што ќе ги реализира изведбените работи, на потегот од Штип блок станица 5 до главната мерно – регулациона станица во Неготино. Проценетата вредност на инфраструктурниот зафат изнесува околу 19 милиони евра. Финансиските средства се обезбедени од неодамнешното задолжување на нашата земја во висина од 90 милиони евра кај германските Дојче Банка и Ерсте Банка.
Изградбата на магистралниот гасовод ќе се одвива во временски период од 18 месеци. Оваа гасоводна линија треба да се надоврзе на гасоводот од кумановското село Клечовце до Штип, кој во моментов се гради и се очекува да биде завршена до јуни 2016 година.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk