Претходна статија
Владата ги советува бизнисмените да инвестираат во изградба на приватни градинки
Следна статија
Шопинг центри, хотел и фабрики во кумановско Горно Коњаре

Гасифицирана топланата Запад

Објавено на 03.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

„Балкан енерџи груп“ (БЕГ) викендов ја пушти во употреба новата опрема за гасификација на топланата Запад во скопската населба Тафталиџе. Во насока на промена на енергенсот од кој се добива топлинска енергија, овој објект во иднина ќе го користи гасот како замена за досегашната употреба на мазутот. Инвестицијата во зафатот изнесува 700 илјади евра. Од БЕГ во соопштението за јавноста напоменуваат дека со овој проект ќе се намали загадувањето на воздухот од оваа топлана и ќе се даде придонес во зачувувањето на животната средина и заштитата на здравјето на граѓаните.

 

Во енергетскиот објект се инсталирани четири гасни горилници со вкупен капацитет од 132 мегавати и четири гасни рампи за довод и подготовка на природен гас. Новата опрема е од германско производство. Гасификацијата на оваа топлана следува по минатогодишната инвестиција на државната компанија „ГА-МА“ во довршување на цевководот за пренос на гас во должина од шест километри помеѓу топланите Исток и Запад. Топланата Запад е првиот корисник на гасот во западниот дел на главниот град.