Претходна статија
Државата ќе воведува еколошки налепници за возилата за сузбивање на аерозагадувањето
Следна статија
ТЕМА: Во 2018 година Македонија треба да добие два нови автопати

Гасификацијата на Куманово продолжува и во 2018 година

Објавено на 08.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Куманово во наредните 12 месеци ќе му даде примарно значење на унапредувањето на гасификацијата на градот. Локалните власти од буџетот ќе обезбедат субвенции во висина од 150 евра за секое домаќинство што ќе се одлучи да се приклучи на постојната дистрибутивна мрежа во Куманово. Цената за приклучок на природен гас е 800 евра, а со најновата мерка таа ќе се намали на 650 евра по домаќинство. Истовремено, јавното претпријатие „Куманово-гас“ има план за проширување на секундарната и терцијална мрежа во градот за 2018 година.

 

 

Со планираните зафати ќе се изведат четири километри на дистрибутивна мрежа и 22 километри на секундарна гасоводна мрежа, со која ќе се овозможи гасификација на 13 кумановски улици. Како што јавува „Кумановски муабети“, во претстојните 12 месеци ова јавно претпријатие ќе постави 250 нови приклучоци на домаќинства и на стопански субјекти во Куманово.

 

Општинските власти веќе една деценија постепено го реализираат проектот за гасификација на вториот по големина град во земјава. Во изминатиов период се изведени 17 километри на дистрибутивна мрежа за природен гас.