Претходна статија
Градот бара идејни решенија за катни гаражи
Следна статија
Се трансформира аголот помеѓу Илинденска и 8 Септември

Гасификацијата чекор поблиску

Објавено на 20.01.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Владимир Солоцински, изрази уверување дека прашањето на клириншкиот долг кон нашата земја вреден 60 милиони долари ќе биде затворено во април. Тогаш треба да се одржи состанок на меѓувладина комисија за научно-техничка и економска соработка, а потоа да следи и формално потпишување на спогодбата. Овие средства македонската влада целосно ќе ги насочи во гасификација на земјата, со Русија како партнер во тој процес. За предвидените проекти за гасификација на Македонија се проценува дека се потребни околу 200 милиони евра.


После долги перипетии, до договор за регулирање на стариот советски долг кон нашата земја беше дојдено во ноември минатата година, при посетата на Русија од страна на министерот за финансии Зоран Ставревски. Во меѓувреме се прецизираат деталите и се регулираат техничките аспекти на договорот. Кон крајот на декември Министерството за транспорт и врски објави и оглас за изготвување на проекти за изградба на магистрални гасоводи низ државата. Повеќе детали за проектите и динамиката на реализација се најавуваат во периодот по 10 февруари кога завршува огласот.