Претходна статија
Физибилити студија за малото пристаниште во Охрид
Следна статија
Македонски железници ќе подновува 31 товарни вагони

Фудбалски тренинг – центар на 32.000m2 ќе се гради во Хиподром

Објавено на 02.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Гази Баба распиша повик за доделување договор за воспоставување на јавно – приватно партнерство за изградба на нов фудбалски тренинг – центар во скопската населба Хиподром, на локација непосредно до спортско – рекреативниот центар „Хиподром“. Идниот концесионер во проектот ќе треба да инвестира 161.567.796 денари, односно над 2,6 милиони евра без вклучен ДДВ. За возврат на вложениот капитал, ќе може да управува со спортскиот објект најмногу 35 години. Фудбалскиот тренинг – центар ќе се протега на површина од околу 32.000 метри квадратни, во чиј состав е предвидено да има две игралишта и мултифункционален објект со разни содржини.

 

 

 

Економски најповолната понуда е главен критериум за доделување на договорот за јавно – приватно партнерство. Со 80 бодови ќе се вреднува вредноста на инвестицијата во доставените понуди, додека на инвеститорите ќе им се доделат 20 бодови за планираната бруто изградена површина на идниот комплекс. Понудите од приватните компании треба да се достават најдоцна 18 јуни, за кога е најавено и нивното јавно отворање.

 

 

Бојан Блажевски