Претходна статија
Занатскиот дом во Куманово пред реконструкција
Следна статија
Во Кичево ќе се гради пречистителна станица за отпадни води

Француски инвеститор ќе гради културен центар во Автокоманда

Објавено на 11.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски и Оде Насеу Маупас и Лорент Копиц од компанијата „Macedonian Music and Entertainment“ денес потпишаа договор за изградба на културен центар и музичко студио за продукција на филмска музика во скопската населба Автокоманда. Францускиот инвеститор планира да вложи 1,5 милиони евра во овој проект. Пред 10-тина дена, оваа компанија го купи земјиштето од 1.142 метри квадратни, на кое во моментов се наоѓа Домот на културата „Димитар Влахов“. Тие ја купија парцелата по цена од 1.320 денари за метар квадратен, односно вкупно околу 25.000 евра.

 

* Извор на фотографија: Општина Гази Баба

 

 

Според денес потпишаниот договор, на градежната парцела е планирано да се градат два објекти, и тоа едниот ќе биде културен дом во сопственост на општината со површина од 543 метри квадратни. Вториот објект со површина од 1.194 метри квадратни ќе претставува музичко студио, во кое францускиот инвеститор ќе вложи најсовремена опрема за продукција на филмска музика. Покрај директната странска инвестиција, општина Гази Баба со овој проект овозможува граѓаните од оваа населба да добијат адекватен простор каде што ќе се одржуваат театарски претстави, изложби, поетски читања и слични културни манифестации.