Претходна статија
Повторно се актуелизира идејата за поврзување на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ со скопската обиколница
Следна статија
Граѓаните и експертите против уништувањето на Студенчишко блато

ФОТО ВЕСТ: Зградата на Министерство за правда – едно лице, друга опачина

Објавено на 28.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По речиси две и пол години од почетокот на градежните работи, објектот на Министерството за правда [»мапа] има нов изглед – едно лице, друга опачина. Целосно непознато за досегашната архитектонска пракса во светот, предната страна од зградата на улица Димитрие Чуповски, број 9 доби нова неокласицистичка фасада налик на останатите зданија од „Скопје 2014“, додека задната страна го испочитува оригиналното архитектонско решение. Новата фасада од предната страна е со црвена боја, со бели антички столбови и прозорци, додека од задната страна на објектот е изведено единствено бојадисување на старата фасада. На неокласицистичката фасада од предната страна е поставен и ликот на римската божица на правдата и праведноста Јустиција.

 

Министерство за правдаМинистерство за правдаМинистерство за правда

Министерство за правдаМинистерство за правдаМинистерство за правда

 

 

За овој зафат во духот на „Скопје 2014“ беа потрошени над 3,3 милиони евра, ако се земат во предвид објавените договори на веб – страницата на Бирото за јавни набавки. Градежните активности ги вршеа италијанската компанија „Ламоне Мореда“ и „Неимар инженеринг“, додека стручниот надзор над работите го реализираше Градежниот институт „Македонија“.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски