Претходна статија
Цената на становите во Скопје непрекинато опаѓа пет квартали по ред
Следна статија
ЕУ со неповратни средства ја поддржа изградбата на експресниот пат Градско - Прилеп

ФОТО ВЕСТ: Забрзано се гради новото основно училиште во Капиштец

Објавено на 23.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Центар забрзано го гради новото основно училиште во скопската населба Капиштец. По повеќе од една година од поставувањето на камен – темелникот, дел од идниот објект веќе е доведен на ниво на карабина. Целокупното здание со површина од 12.000 метри квадратни треба да биде пуштено во употреба веќе во 2018 година. Локалните власти пред неколку денови најавија дека во склоп на објектот ќе се изгради затворен базен, заедно со веќе предвидените фискултурна сала, ботаничка градина и други содржини наменети за учениците.

Образовниот објект е предвидено да прими 500 деца на возраст од 6 до 15 години, со што ќе се реши деценискиот проблем со недостиг на училишен објект во населбата Капиштец. Според податоците од веб-страницата на Бирото за јавни набавки, изградбата на ова основно училиште ќе чини 416 милиони денари. Општина Центар ги обезбеди финансиските средства за овој проект откако се откажа од инвестирањето во „барокна“ катна гаража кај НИП „Нова Македонија“. За изведувач на новото училиште во населбата Капиштец е избрана фирмата „Вардарградба“ од Скопје.

 

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk