Градежните работи на новиот скопски православен храм „Св. Константин и Св. Елена“ и неговата 50 метри висока камбанарија се во поодмината фаза и веќе се изведуваат декорации на фасадата. Црквата официјално почна да се гради на 11.11.2012 година.
Kамбанаријата ќе има едно големо централно ѕвоно тешко 8,3 тони и уште 11 помали, а врз неа ќе биде поставен крст висок 7 метри. Самата црква е висока 29 метри и врз неа е предвидено да биде поставен крст висок 5 метри. Инвеститор е фондацијата „Св. цар Константин“, а градежните работи ги изведува скопски „Бетон“
» Форумска дискусија за овој проект