Претходна статија
Уште 200.000 евра за пристапната улица до плоштадот „ВМРО“
Следна статија
Сергеј Самсоненко ќе го догради Офицерскиот дом

ФОТО ВЕСТ: Се изведуваат столбовите на Панорамското тркало

Објавено на 04.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По девет месеци од почетокот на градежните работи, работниците на скопски „Бетон“ во моментов ги изведуваат столбовите на објектот Панорамско тркало во коритото на реката Вардар. Овој сегмент од изведбата на реквизитниот објект е најтежок, со оглед на тоа што дел од неговите основи ќе се наоѓаат во самите води на Вардар. Пред да започне оваа фаза, изведувачот ги заврши подготвителните работи поврзани со реализацијата на проектот.

 

###

###

###

 

 

Панорамското тркало се гради помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје. За изведба на ова здание од проектот „Скопје 2014“ се издвоија финансиски средства во висина од 18,3 милиони евра. „Барокниот“ објект ќе има дијаметар од 57 метри, при што истиот ќе се издигне 73 метри над брегот на реката Вардар. На тркалото ќе бидат поставени 30 кабини во форма на гондоли со носивост од 750 килограми. Како придружни објекти ќе бидат изградени кафетерија, сувенирница и ресторан. Рокот за изведба е пет години.

 

Градот Скопје за изготвување на проектот за Панорамското тркало одвои дополнителни половина милион евра. Проектот го изработи австриската фирма „a2 Hotelconcept GmbH“, додека идејното решение е дело на „Massabni architects GmbH“, исто така од Австрија.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски