Претходна статија
Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ повторно оживува
Следна статија
Буџетот на главниот град за 2015 година усвоен, партиите со реакции

ФОТО ВЕСТ: Се изведува покривот на објектот на Македонска филхармонија

Објавено на 03.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По подолготрајниот прекин на изведбените работи, есенва продолжи изградбата на новиот објект на Македонската филхармонија во центарот на Скопје. Периодов се работи на најсложениот дел од проектот – изведба на покривот на зданието кое што се гради веќе пет и пол години. Екипите на скопската фирма „Факом“ во моментов ја монтираат конструкцијата, по што би следувало целосното покривање на концертната сала. Досега е завршена бетонската конструкција и дел од внатрешните ѕидови во зданието, а допрва треба да се работи на застаклената фасада.

 

###

###

 

За изведба на градежниот дел од работите е потпишан договор со скопски „Гранит“ во  висина од околу 4,8 милиони евра, додека преостанатите градежни, градежно – занаетчиски, ентериерни и инсталатерски работи ќе ги изведува „Штрабаг АГ“, на кого ќе му се исплатат финансиски средства во висина од околу 27 милиони евра. Со тоа, вкупната инвестиција на Министерството за култура во објектот на Македонската филхармонија ја достигна сумата од 39,8 милиони евра. Во оваа сума влегува и внатрешното уредување, мебелот и целокупната опрема за концертната сала.

 

Изградбата на ова здание во централното градско подрачје беше прекинато повеќе од една година, по банкротот на првичниот изведувач на работите – австриската компанија „Алпине Бау“. Камен – темелникот за овој објект се постави во март 2009 година. Неговата реализација се одвива врз основа на идејното решение на архитектот Виктор Михајлов. Основниот и главниот проект го изработи бирото „Македонија проект“.

 

 

Текст и фото: Бојан Блажевски