Претходна статија
Профункционира кружниот тек на булевар „Партизански одреди“
Следна статија
Милион евра за зградата на Министерството за финансии во Струмица

ФОТО ВЕСТ: Се издигнува бетонската конструкција на Офицерскиот дом

Објавено на 10.05.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Еден сегмент на големото градилиште наречено плоштад „Македонија“ е и Офицерскиот дом, кој во изминативе две и пол години повторно се издигнува од заборавот. Градежните екипи на фирмата „Бетон“ од Штип во моментов ја изведуваат бетонската конструкција. Досега се оформени четири нивоа од објектот, во кој инвестира фирмата „ДЦ Приме пропертиес“ на грчкиот милијардер Деметрис Кондоминас. Покрај Офицерскиот дом, инвеститорот на локацијата од 6.308 метри квадратни гради и хотелски комплекс.

 

Во Офицерскиот дом во иднина ќе биде сместена матичната служба од главниот град, а еден дел од неговите простории е планирано да постанат резиденцијален дел на Градската куќа. Неокласицизмот е архитектонскиот правец применет на овој објект и истиот е во согласност со преферираниот стил од проектот „Скопје 2014“. Проектната документација ја изработи „Гемма Инженеринг“, која воедно е избрана и за надзорен орган.

 

Грчкиот инвеститор Деметрис Кондоминас го купи земјиштето во март 2011 година за сума од 38.478.800 денари, односно за околу 100 евра за метар квадратен. Тој се обврза дека на него ќе изгради хотелски комплекс и Градска куќа, која всушност претставува возобновување на Офицерскиот дом. Вкупната површина на двата објекти изнесува 52.643 метри квадратни.

###

###

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски