Претходна статија
Ќе се гради спорниот плоштад во населбата Карпош 4
Следна статија
Турски „Лимак“ пушти глас, но не одговори во целост за комплексот кај Старата железничка станица

ФОТО ВЕСТ: Се издигнува „барокниот“ објект на АДСДП кај МОБ

Објавено на 09.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На просторот на некогашниот парк кај Македонската опера и балет, АДСДП веќе една година забрзано работи на издигнување на нов „барокен“ објект. Зданието со шест ката и површина од 6.400 метри квадратни треба да обезбеди канцелариски простории за 180 вработени од ова претпријатие. Екипите на градежната фирма „Декон-Ком“ успеаја да издигнат пет ката од бетонската конструкција на објектот, чија изградба во моментов ја чини државата над 10,1 милиони евра. Зошто се гради овој објект на маркичка залепена до МОБ засега никој не открива, но од АДСДП подолг период не кријат дека се во потрага по нов административен простор како замена за бараките на улица „Орце Николов“.

 

##

##

 

 

Активностите за изградба на административното седиште на АДСДП се очекува да завршат во наредните 12 месеци. Дел од објектот е наменет и за деловни простории, кои е предвидено да зафатат 408 метри квадратни. Новата зграда се извишува според победничкото идејно решение на Жарко Чаушевски и основниот проект изработен од „Архитектоника“ од Скопје. Со издигнувањето на овој објект од „Скопје 2014“, заедно со идната зграда на Народната банка до неа, Македонската опера и балет ќе биде целосно оградена и невидлива под напливот на владини објекти околу неа.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk