Претходна статија
РЕПОРТАЖА: Љубљанската улица „Словенска“, од главна сообраќајница до пешачка зона
Следна статија
Со такси лани се превезле три пати повеќе патници отколку со воз!

ФОТО ВЕСТ: Продолжува изградбата на „Свети Климентовиот универзитет“ во Охрид

Објавено на 10.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По повеќе од една и пол година од официјалниот почеток на изградбата, „Свети Климентовиот универзитет“ пополека ги добива замислените димензии според проектот. На градилиштето на Плаошник со различно темпо се градат неколку објекти од комплексот. Од неодамна, на ниво на карабина е доведена планираната резиденција на Македонската православна црква, односно завршени се приземјето, двата ката и кровната конструкција на објектот во кој ќе се сместат владиците. На источната страна од црквата во моментов се работи и на бетонската конструкција на идните конаци, при што досега се завршени приземјето и првиот кат.

 

Паралелно со изградбата на овие две зданија, на западната страна од црквата постепено се подигнуваат и останатите објекти од „Свети Климентовиот универзитет“. Досега е изведена бетонската конструкција на приземјето и првите три ката од Музејот на Плаошник, Свети Климентовата библиотека, Компјутерскиот центар и Афилијациите на неколку познати универзитети. Засега не е започната изградбата на Богословскиот факултет, кој во проектната документација е предвидено да има најголема висина. Покрај тоа што објектите во градба доминираат на локалитетот Плаошник, огромните зданија можат да се забележат од центарот на Охрид и од крајбрежјето на Охридското езеро. Притоа, идните објекти го освојуваат препознатливиот простор, во кој до неодамна надвладуваше пејсажот на познатите цркви на Канео и на Плаошник.

 

Градежните активности за изградба на „Свети Климентовиот универзитет“ треба да завршат до крајот на 2016 година. Управата за заштита на културното наследство досега потпиша два договора во вредност од 11,3 милиони евра за изградба на планираниот комплекс, но се очекува вкупната сума за негово довршување да се искачи на 24 милиони евра. Изведувачи на градежните работи се компаниите „Митан пром“ од Охрид и „МЗТ инженеринг“ од Битола.

 

Свети Климентов УниверзитетСвети Климентов УниверзитетСвети Климентов Универзитет

Свети Климентов УниверзитетСвети Климентов УниверзитетСвети Климентов Универзитет

Свети Климентов УниверзитетСвети Климентов УниверзитетСвети Климентов Универзитет