Претходна статија
800 илјади евра од УЕФА за стадионот под „Тумбе кафе“
Следна статија
Ветерот ја пишува судбината на карго - аеродромот во Штип

ФОТО ВЕСТ: Привршува изградбата на „Јахја Кемал“ во Тафталиџе

Објавено на 30.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежните екипи ја привршуваат изградбата на приватното основно и средно училиште „Јахја Кемал“ во скопската населба Тафталиџе [»мапа]. И покрај првичниот рок од септември 2014 година, пуштањето во употреба на училиштето е поместено за неколку месеци. На градилиштето периодов се комплетира изведбата на надворешниот изглед на објектот, при што паралелно привршуваат градежнo – занаетчиските работи и во неговите внатрешни простории. За изведувачи на градежните активности се избрани компаниите „ЃМ Компани“ и „Мина Констракшн“ од Скопје, додека проектната документација за напредното здание ја изработи „Урбан Ком“ од Скопје.

 

####

 

 

Новиот објект на „Јахја Кемал“ ќе претставува едно од најголемите приватни основни и средни училишта на територијата на нашата земја. Зградата со приземје, три ката и поткровје ќе има висина од 13,5 метри. Турскиот инвеститор во своите промотивни материјали ја најавува како училиште во кое за прв пат ќе се применат современи технолошки достигнувања при изведувањето на наставата. Само за купување на градежната парцела на која се издигнува објектот, „Јахја Кемал колеџ“ и исплати на општина Карпош околу 1,6 милиони евра во текот на јуни 2013 година.

 

 

Текст и фото: Бојан Блажевски