Нов споменик е поставен на аголот на булеварите Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков во Скопје. Бронзеното обележје е во спомен на македонскиот револуционер и војвода Ѓорги Сугарев, кој е претставен како јава коњ и држи пушка во десната рака. На постаментот сè уште се работи, но дел од бронзените релјефи се веќе монтирани. На спротивниот агол, кај Универзитетската Библиотека, во текот на септември минатата година беа поставени споменици на Пере Тошев и на Никола Петров Русински, а кај Судската Палата споменк на Андон Лазов Јанев- Ќосето.