Претходна статија
Државата ќе продава 13 парцели за изградба на бензински пумпи
Следна статија
Профункционираа првите подземни контејнери за смет во Скопје

ФОТО ВЕСТ: Градските плажи во Скопје сардисани од неодговорноста на граѓаните и градската власт

Објавено на 04.02.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Искршени шанкови, искорнати корпи за отпадоци, расфрлани шишиња, дупки во дрвените платформи, стреи пред распаѓање. Двете градски плажи под налетот на вандализмот на граѓаните и индолентноста на градската власт испраќаат жална слика за одговорноста кон јавното добро. За разлика од летните месеци, плажите на Вардар во зимскиот период не се чувани од физичко обезбедување, ниту пак се оградени за да се заштитат од крадците на метални суровини. Градот Скопје во овој проект вложи преку 15 милиони денари, но нови финансиски средства би морале да се вложат и оваа година поради негрижата кон она што веќе е реализирано. Особено загрижувачка е состојбата со шанковите, кои се целосно размонтирани, а околу нив се оставени клинци и искршени стаклени шишиња. Во добра кондиција се единствено одбојкарските игралишта, кои од несовесните лица се заштитени со ограда.

 

Граѓаните кои ги затекнавме на прошетка покрај реката Вардар апелираат да се посвети поголемо внимание на градските плажи во зимските месеци, за да може тие непречено да го користат кејот за рекреација. Двете плажи покрај реката Вардар со површина од по 1.775 метри квадратни беа отворени во 2010 и 2011 година. Идејата на градската власт беше тие да послужат за разладување и забава на скопјани во текот на летните месеци. Првата плажа се наоѓа зад „Луна Паркот“, додека втората е лоцирана на левата страна на Вардар помеѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“.

 

Градска плажа бр.1Градска плажа бр.1Градска плажа бр.1

Градска плажа бр.1Градска плажа бр.1Градска плажа бр.1

Градска плажа бр.1Градска плажа бр.1Градска плажа бр.1