Музејот на современа уметност (МСУ) утре, 3 февруари, ќе биде домаќин на предавањето на италијанскиот фотограф Стефано Перего, насловено „Фосилизиран модернизам“. Со своето излагање пред скопската публика, тој ќе го претстави досегашното искуство со фотографското истражување на модернистичката архитектура во Словачка, Босна и Херцеговина, Ерменија, Грузија и регионот на Централна Азија. Модератор на утрешниот настан, кој започнува во 19 часот, ќе биде архитектката Сара Симоска.
Италијанскиот фотограф Стефано Перего со своето гостување во Скопје ќе го продолжи своето фотографско истражување на модернистичката архитектура и ќе се обиде да ја документира архитектурата на постземјотресно Скопје.