Општина Тетово е во потрага по консултант којшто ќе изработи физибилити студија за оправданоста од изградба на собирен центар за земјоделски производи во овој град. Локалната власт планира за подготовка на документот да потроши околу 730.000 денари. Студијата треба да даде одговор на прашањата во врска со исплативоста од изградбата на еден ваков објект, можностите за реализација на проектот по пат на јавно-приватно партнерство и најсоодветната локација за негова изградба.
Тетово во моментов има импровизиран пазар за земјоделски производи во близина на Арабати Баба Теќето. Иако е еден од најголемите производители на земјоделски продукти, Тетовскиот регион нема собирен центар за земјоделски производи.