Претходна статија
Партијата на зелените бара „Рекорд“ да прерасне во пешачка зона
Следна статија
Избрани идејните решенија за двете нови градинки во општина Бутел

ФФМ ќе ја поддржи изградбата на нови трибини на стадионите во Чаир и Охрид

Објавено на 04.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), со финансиска поддршка од УЕФА, ќе реконструира и изгради нови трибини на фудбалските стадиони во Охрид и скопски Чаир. За фудбалскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид ќе бидат издвоени 800.000 евра, а дополнителни финансии ќе се вложат во надградбата на трибинскиот простор од стадионот „Чаир“ во Скопје. На градоначалниците од двете општини денеска им беа презентирани идејните проекти врз чија основа ќе се изведуваат претстојните градежни активности. И кај двата спортски објекта, предвидено е да се реконструираат постојните трибини и да се изгради нова трибина.

 

*Извор на фотографија: Општина Охрид

 

„Ова се крупни проекти од исклучително значење, но и дополнителен импулс за локалната самоуправа, се со цел да осигураме убава иднина за нашиот фудбал. Се обидуваме да помогнеме секаде и на секаков начин“ изјави в.д. претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини. Средствата од УЕФА се одобрени по претходно поднесена апликација, а нивното искористување е дел од проектот на ФФМ за подобрување на фудбалската инфраструктура во македонските општини.