Претходна статија
2,6 милиони евра за реконструкција на 16 основни и средни училишта
Следна статија
Агенциите бараат Закон за посредување во промет со недвижности

Фасадата на катната гаража спроти „Макпетрол“ победник на АСК 2013

Објавено на 15.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По повод одбележувањето на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на главниот град, Музејот на град Скопје вчеравечер беше домаќин на традиционалната манифестација „Архитектура на Град Скопје – АСК“, на која беа избрани најдобрите архитектонски дела во македонската метропола во оваа година. Големата награда ја доби архитектот Милан Мијалковиќ од „ППАГ архитекти“ од Виена, за иновативната фасада на катната гаража на улицата „Свети Кирил и Методиј“, спроти седиштето на „Макпетрол“. Признанието за посебен придонес во архитектурата на Град Скопје за 2013 година беше врачено на авторите Никола Велковски и Светлана Јончевска, за станбено – деловен објект на улицата „Владимир Назор“ бр.26.

 

 

 

На синоќешниот настан беа доделени признанија и на архитектите Данчо Јовановски и Дана Јовановска за комерцијалниот објект „Оливер & Оливер“ (инвеститор Мега ДОО Куманово) реализиран во периодот 2012-2013 година, како и на авторите Ѓорѓи Мојсов, Елизабета Дурлевиќ и соработник Оливија Мојсова за станбено – деловниот објект „Боними“ (инвеститор Луна Корпорација). „Четиринаесет години, во организација на Град Скопје се реализира Манифестацијата АСК – Архитектура на Град Скопје, што претставува момент со кој се воспеваат архитектонските градски достигнувања, како од историски аспект, така и од ново време“, истакна Аљоша Шопар, помошник раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје. За годинешната манифестација беа селектирани 27 архитектонски трудови од 13 автори.