Претходна статија
Приватен инвеститор пак си ја гради улицата на кејот кај ГТЦ
Следна статија
АД “Карпош“ со намалена добивка во првиот квартал

Фабрика за секундарна селекција на отпад ќе се гради близу Прилеп

Објавено на 01.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Прилеп наскоро ќе ја почне изградбата на фабриката за секундарна селекција на отпад во рамките на постоечката депонија кај селото Алинци. „Веќе се расчистува теренот каде треба да се гради фабриката. Вкупната инвестиција за овој проект е планирано да изнесува околу 60 милиони денари“ информираат локалните власти. Линијата за секундарна селекција на отпадот е купена од јавното претпријатие „Комуналец“ уште во 2013 година. Капацитетот на линијата е преработка на 150 тони отпад дневно, со што во целост ќе се задоволат потребите на Прилеп.

 

Заедно со новата хала, општински власти предвиделе и големо плато за сместување на рециклираните материјали. Погонот ќе вработи околу 100 лица, кои во наредните пет до шест години ќе го преработат целокупното ѓубре од депонијата преку негова селекција. По завршувањето на оваа фабрика, општина Прилеп во наредната фаза ќе изгради компостара за биоразградлив отпад за преработка на дел од отпадот. Објектот треба да биде завршен до крајот на 2018 година. Локалната самоуправа веќе го откупила земјиштето на кое е предвидено да се реализира планираната инвестиција.