Претходна статија
Жерновски: До крај ќе се борам против урбаната мафија
Следна статија
Продолжува заштитата на архитектонското наследство во Битола

Фабрика на италијанската „Кондево“ почна да се гради во Штип

Објавено на 14.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Влада на Р.М.Италијанската фирма „Кондево“ ја започна изградбата на нова фабрика за делови за кондензациски бојлери во ТИРЗ Штип. Проектираната инвестиција изнесува 30 милиони евра, а очекувањата се дека ќе овозможи вработување на најмалку 280 лица. Компанијата планира од нашата земја да извезува низ целиот свет, првенствено во европските земји, Северна Америка и Ирак. Станува збор за компоненти за светските производители: Вајлант, Бош, Вајсман и други. На денешниот свечен настан присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за привлекување на странски инвестиции Џери Наумов и сопственикот на „Кондево“ Рафаеле Џенони. Во технолошко – индустриската зона во близина на Штип досега се изградени две фабрики во кои непречено се одвива производствениот процес.