Италијанската фирма „Кондево“ ја започна изградбата на нова фабрика за делови за кондензациски бојлери во ТИРЗ Штип. Проектираната инвестиција изнесува 30 милиони евра, а очекувањата се дека ќе овозможи вработување на најмалку 280 лица. Компанијата планира од нашата земја да извезува низ целиот свет, првенствено во европските земји, Северна Америка и Ирак. Станува збор за компоненти за светските производители: Вајлант, Бош, Вајсман и други. На денешниот свечен настан присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за привлекување на странски инвестиции Џери Наумов и сопственикот на „Кондево“ Рафаеле Џенони. Во технолошко – индустриската зона во близина на Штип досега се изградени две фабрики во кои непречено се одвива производствениот процес.