Претходна статија
Ќе се гради фекална канализација и пречистителна станица за прилепско Ропотово
Следна статија
РЕПОРТАЖА: Зошто Виена го има еден од најдобрите метро системи во светот?

Еврокомесарката Булц го сефтоса првиот полнач за електрични возила во Скопје

Објавено на 18.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

„Парк хотел и спа“ во Градскиот парк во Скопје го промовираше првиот полнач за електрични возила во главниот град. Еврокомесарката за транспорт Виолета Булц денеска го пушти во употреба овој инфраструктурен објект, полнејќи го својот електричен автомобил на ова место. Скопје со оваа инвестиција се приклучува на платформата „Едисон“, која веќе се промовираше на Самитот 100 што се одржа во изминативе два дена во Скопје. Полначот за електрични возила ќе можат да го користат граѓаните кои имаат електрични автомобили.

 

 

Македонскиот главен град имаше неколку иницијативи за воведување на електричните автомобили во промет од страна на локалните власти, но ниту една иницијатива не заживеа во целост до денешен ден. Дел од поголемите приватни компании во главниот град во изминативе две години ги промовираа електричните возила во својот возен парк, но ниту една фирма или општина досега не ги вклучи овие возила во помасовна употреба.