Најавената промена на фасадата на зградата во која се сместени седиштата на енергетските компании ЕВН и ЕЛЕМ, во стилот на „Скопје 2014“, ќе ја реализира скопската градежната компанија „Бетон“. Договорот бил склучен пред две недели и треба да се реализира во следните 15 месеци, а неговата вредност е 4,3 милиони евра. Висококатницата на плоштадот „Македонија“ е изградена во 1962 година. Реконструкција беше извршена на крајот на 90-тите години, кога меѓудругото беше осовременет изгледот на фасадата и беа вградени современи материјали за изолација и енергетска ефикасност.