Делегацијата на Европската унија одобри 3,5 милиони евра за изработка на основен проект за изградба на железничката пруга од Крива Паланка до границата со Бугарија. Парите треба да дојдат од ИПА фондовите за регионален развој во рамките на Оперативната програма за регионален развој. По оваа одлука, ќе следува објавување на меѓународен јавен повик за избор на консултантска куќа што ќе го изработи основниот проект за третата фаза од изградбата на пругата кон Бугарија, процес што треба да се комплетира во првата половина од 2015 година. Потоа, рокот за подготовка на самата проектна документација ќе биде 20 месеци.
Во меѓувреме, активно се работи на реализација на првите две етапи од железничкото поврзување со источниот сосед преку паневропскиот Коридор 8. На почетокот на март започна реконструкцијата на пругата од Куманово до селото Бељаковце, а во моментов се работи и на изготвување на основниот проект за изградба на делницата од Бељаковце до Крива Паланка.
» Форумска дискусија за железничкиот коридор 8 во Македонија