Претходна статија
Штипски „Бетон“ со тројно зголемена добивка во 2014 година
Следна статија
Сарај конечно ќе добие средно училиште

Енергетскиот пасош ќе важи само за новоизградените објекти

Објавено на 02.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По одлуката куќите што се веќе изградени да се изземат од обврската, енергетскиот пасош во иднина нема да биде потребен и за сите други објекти на територијата на Република Македонија што се веќе завршени. Во скратена постапка, Собранието денеска ги усвои измените на Законот за енергетика, во кои се наведува дека сертификатот за определување на класата на енергетска ефикасност од 1 март годинава ќе важи единствено за новоизградените објекти. Македонските пратеници одлучија дека обврската за обезбедување енергетски пасош за старите објекти ќе важи по влезот на нашата земја во рамки на Европската унија.

 

На 1 јануари годинава стапија во сила задолженијата за примена на мерките за енергетска ефикасност на секој нов објект што се гради на територијата на Македонија. Во целата постапка за реализација на нивните проекти, инвеститорите ќе бидат должни да обезбедат контрола на спроведувањето на енергетската ефикасност. Пред да биде пуштен во употреба, новоизградениот објект ќе мора да добие енергетски пасош, во кој ќе биде наведено колкава ќе биде потрошувачката на енергија во неговите простории.