Претходна статија
Поништен конкурсот за промена на изгледот на кулите во склоп на ГТЦ
Следна статија
Архитектите со низа мерки против најавената нова фасада на ГТЦ

Енергетскиот пасош ќе стане услов за градење и реконструкција

Објавено на 04.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со измените и дополнувањата на Законот за енергетика ќе се воведе задолжителна контрола на спроведување на мерките за енергетска ефикасност во објектите што се градат и реновираат во земјава. Министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната прес – конференција ги претстави измените во постоечката легислатива. Ќе се донесат три подзаконски акти: Правилник за енергетски карактеристики на зградите, Правилник за енергетска контрола и Правилник за информациски систем за следење и управување на потрошувачката на енергија во јавните институции, при што првите два документа се веќе готови и со донесувањето на законските измени ќе започне постапката на нивна примена. За разлика од нив, Правилникот за информациски систем треба да се донесе во рок од 9 месеци од денот на влегување во сила на најавените измени.

 

 

 

 

Министерот Сарачини објасни дека со правилниците ќе се воведат неколку новитети, како што е сертификатот за енергетски карактеристики, лиценци за вршење на енергетска контрола и овластен енергетски контролор. Со зацртаните мерки ќе се определат условите и стандардите на зградите и јавните објекти, а во зависност од степенот на енергетска ефикасност тие ќе бидат класифицирани и ќе добијат енергетски пасоши. Контролата во спроведувањето на одредбите од овие правилници ќе ја вршат лиценцирани енергетски контролори, кои ќе поминат посебна обука. Од министерството се надеваат дека примената на овие документи ќе придонесе и за отворање на нови работни места на пазарот на трудот. Покрај ова, со измените на Законот за енергетика се предвидува гасификациите на македонските општини да се одобруваат од македонската влада, врз основа на доставена физибилити – студија од локалните власти до Министерството за економија.