Претходна статија
Пуштен во употреба реконструираниот далновод Скопје - Тетово
Следна статија
Конзерваторско-реставраторски работи на црквата „Св. Горѓи Победоносец“ во Младо Нагоричане

ЕЛЕМ сака да гради нови когенеративни електрани

Објавено на 22.08.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) распиша тендер за избор на консултантска компанија што ќе изработи префизибилити студија за изградба на нови когенеративни електрани во земјава. За идниот документ е предвидено да се одвојат средства од 9,2 милиони денари, без вклучен ДДВ. Консултантската фирма треба да понуди првични податоци во однос на опциите за изградба на енергетски капацитети, кои во иднина би овозможиле комбинирано производство на електрична и топлинска енергија за фирмите и за домаќинствата. Заинтересираните фирми треба да ги достават своите понуди до 9 септември. Префизибилити студијата е планирано да биде готова за 12 месеци. Следејќи ги параметрите што ќе ги понуди документот, ЕЛЕМ во следната фаза би изготвила и физибилити студија за вакви постројки.

 

 

 

Од државната компанија очекуваат дека комбинираното производство на енергија би можело да се изведе по гасификацијата на земјата, при што когенеративните електрани како гориво би го користеле природниот гас при самото производство. ЕЛЕМ пред шест години инвестираше во когенеративната електрана „Енергетика“ во кругот на скопската железарница. Двата стари агрегати на овој енергетски капацитет во 2010 година беа заменети со нови, што овозможи производство на електрична енергија, технолошка пареа и врела вода за грееење за железарницата и за околните населби во Скопје.

 

За разлика од Македонија, когенеративните постројки во Европска унија се еден од најкористените извори за добивање на енергија. Користејќи ги горивата што не ја загадуваат животната средина, во Данска, Холандија, Финска и Германија огромни количества од електричната енергија се добиваат во енергетски капацитети што овозможуваат и производство на топлинска енергија за градовите. Некои од постројките обезбедуваат дури и енергија за ладење, кои се именувани како тригенеративни електрани.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk