Претходна статија
Започна реконструкцијата на покривот на „јужна“
Следна статија
Струмица се разубавува

ЕЛЕМ пушти во употреба когенеративна електрана во Скопје

Објавено на 19.02.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin


Државната компанија за производство на електрична енергија го зајакна својот капацитет со ревитализација на електраната „Енергетика“ во кругот на железарницата во Скопје. Таа ќе работи во конгенеративен режим за комбинирано производство на електрична и на топлинска енергија. „Енергетика“ датира од 1967 година кога била изградена за да овозможи снабдување со електрична енергија, технолошка пареа и врела вода за греење на сите потрошувачи во состав на „Рудници и Железарница Скопје“.


Во модернизација на двата стари агрегати кои со години не беа во функција, ЕЛЕМ вложи 3,5 милиони евра. Нивната вкупна инсталирана моќност е 30 мегавати, а годишно ќе се произведува до 160 гигават часови електрична енергија, и до 200 гигават часови топлинска енергија.  Како погонско гориво ќе се користи природен гас. Цената на електричната и на топлинската енергија од „Енергетика“ ќе изнесува од 40 до 45 евра за мегават час, а производството пред се ќе им се понуди на компаниите во кругот на железарницата.