Претходна статија
„Ескаватори-МК“ ќе го обновува патот Скопје - Македонски Брод низ „Јасен“
Следна статија
„Барокот“ на „Сити галери“ проголта нови 280.000 евра за непредвидени работи

ЕЛЕМ нарача префизибилити студија за изградба на когенеративни електрани

Објавено на 20.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

ЕЛЕМ очекува во првиот квартал од годинава да ги добие првичните податоци во однос на опциите за изградба на когенеративни електрани во нашата земја. Државната енергетска компанија потпиша договор на четири месеци со загребската фирма „Еконерг“ за изработка на префизибилити студија. Првичните предлози од консултантите ќе бидат иницијална каписла за натамошна подготовка на документацијата за евентуална изградба на енергетски капацитети, кои комбинирано би произведувале електрична и топлинска енергија. За префизилити студијата ќе бидат потрошени 6,4 милиони денари.

 

 

Студијата треба да одреди три локации во земјава кадешто ќе се градат овие когенеративни електрани на природен гас. Една од постојните локации во Скопје е сегашната електрана „Енергетика“ во кругот на скопската железарница. Покрај за производство на електрична енергија, консултантите ќе треба да ги земат во предвид и опциите за снабдување со топлинска енергија од овие електрани за околните населени места. Тендерската постапка за префизибилити студијата беше распишана кон крајот на август 2016 година.