Претходна статија
Во Тетово годинава ќе се доградат две од трите клучни сообраќајници
Следна статија
За 4 месеци ќе биде изработен проектот за заштита од бучава на македонските автопати

Ќе се реконструира пристапниот пат до браната „Козјак“

Објавено на 27.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Пристапниот пат од Нова Брезница до браната „Козјак“ ќе се реконструира во наредните 24 месеци. Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) денеска го објавија тендерот за пронаоѓање на изведувач што ќе ги изведува планираните градежни работи со проценета вредност од околу 280 милиони денари. Главниот критериум за доделување на набавката е понудената најниска цена од градежните компании. Рокот за доставување на понудите од заинтересираните фирми истекува 26 февруари.

 

 

Патниот правец од Нова Брезница до браната „Козјак“ претставува интерна патна врска што се користи за потребите на ЕЛЕМ. Во моментов постои модерен патен правец од скопската населба Драчево до селото Нова Брезница, но понатамошниот дел од патот е тесен и се наоѓа во лоша состојба, оневозможувајќи го нормалното движење на возилата.