Претходна статија
„Гранит“ ќе го реконструира магистралниот пат Гостивар - Кичево
Следна статија
„Урбан Стил Инженеринг“ ќе работи на основниот проект за Старата учителска школа во Скопје

ЕЛЕМ ја одложила реализацијата на ХЕ „Бошков мост“ поради Бернската конвенција

Објавено на 18.01.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

„АД ЕЛЕМ како општествено одговорна компанија ја одложи реализацијата на проектот во согласност со препораките на Бернската Конвенција“ е официјалното објаснување на Електрани на Македонија за откажаното финансирање на хидроелектраната „Бошков мост“ од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Од државната компанија објаснуваат дека ќе ја почитуваат одлуката за суспендирање на сите инфраструктурни проекти во Националниот парк „Маврово“, која беше донесена кон крајот на 2015 година од Постојаниот Комитет на Бернската конвенција при Советот на Европа.

 

 

Од ЕЛЕМ објаснуваат дека подигнатиот кредит во висина од 65 милиони евра е откажан од нивна страна, а не од самата банка. „Во досегашниот степен на реализација на развојните активности за проектот ХЕЦ Бошков мост, АД ЕЛЕМ немаше потреба од повлекување на средства од кредитната линија на ЕБОР. По завршувањето на 5-годишниот период на важноста на договорот за кредитирање на проектот, неговото обновување ќе значеше зголемени финансиски импликации поврзани со одржувањето на кредитната линија“ велат од ЕЛЕМ.

 

Кредитното задолжување за изградбата на хидроелектрана „Бошков мост“ беше потпишано во 2011 година. Енергетскиот капацитет беше предвидено да има инсталирана моќност од 68,2 мегавати. Во согласност со изготвената документација, објектот требаше да произведува 117,54 мегават часови електрична енергија на годишно ниво.