Претходна статија
Партијата на зелените бара усогласување на урбанистичките закони со Законот за урбано зеленило
Следна статија
Уставен суд го врати ДУП-от за „Скопје 2014“ повторно во сила

ЕЛЕМ годинава ќе вложи 20 милиони евра во еколошки проекти

Објавено на 24.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) со Годишната инвестициска програма за 2018 година планира да вложи 20 милиони евра во реализација на еколошки проекти низ земјава. Владата на својата 50-та седница ја усвои поднесената програма, поздравувајќи ги притоа поднесените проекти за изградба на фотоволтаични електрани и ветерни електрани, заедно со мерките за намалување на загадувањето од РЕК „Битола“.

 

 

Инвестициската програма на ЕЛЕМ предвидува изградба на фотоволтаична електрана со моќност од 10 мегавати на депонијата на РЕК „Осломеј“. Во наредните месеци треба да се изготви целокупната документација за проектот вреден 7 милиони евра, а изградбата на оваа електрана би започнала во 2019 година. Со средствата од Годишната инвестициска програма треба да се догради ветропаркот „Богданци“, при што во втората фаза од реализацијата на овој проект би се поставиле шест турбини со моќност од 2,3 мегавати.

 

Уште еден еколошки проект во кој ќе инвестира ЕЛЕМ годинава е реконструкцијата на електростатските филтри и ставката за намалување на емисиите на прашина во РЕК „Битола“. „Сметаме дека сумата која е издвоена е крајно сериозна и ќе придонесе кон намалување на аерозагадувањето во Битола и околината“ изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.