Претходна статија
Гасоводот од Штип догодина ќе се продолжува кон Неготино
Следна статија
Доделена Големата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти

Електронските патарини на автопатите заглавија кај проектите

Објавено на 24.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Доцни воведувањето на електронска наплата на патарините на македонските автопати. Надминувањето на сообраќајните гужви на патиштата заглави кај изработката на проектната документација. Досега е започната изградбата само на електронската патарина кај Романовце на автопатот Скопје – Куманово. Проектната документација за постоечките автопатски делници веќе е готова, а од Јавното претпријатие за државни патишта денес го објавија и огласот за изработка на проектна документација за наплатните станици на автопатите Кичево – Охрид, Миладиновци – Штип и Демир Капија – Смоквица – Гевгелија. Нејзиното изготвување ќе се реализира во рок од 15 месеци, и ќе чини околу 20 милиони денари.

 

 

 

И додека течат работите во проектниот дел, на терен изведбените работи никако да стартуваат. Во изјава за телевизијата „24 Вести“, од Агенцијата за државни патишта посочуваат дека електронската наплата на патарините ќе се воведе во декември 2016 година, односно со задоцнување од половина година. Модернизацијата на патарините во земјава треба да ја спроведе турската компанија „Аселсан“, за што се обезбедени финансиски средства од 18,7 милиони евра преку кредитно задолжување од Европската банка за обнова и развој.

 

Електронската наплата на патарините треба да го намали времето на патување низ земјава. На автопатите ќе може да се плаќа преку бесконтактни „смарт“ картички и микробранови трансподери. Возачите ќе ја имаат можноста да платат со при пејд или пост пејд електронски картички, кои ќе можат да се набават на граничните премини, патарините и низ дистрибутивната мрежа во земјава.

 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk