Претходна статија
Нов парк во Драчево на местото на дива депонија
Следна статија
Во Битола паралелно ќе се работи на гасификација и топлификација на градот

Електронската наплата на патарините одложена за напролет

Објавено на 28.12.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

И по три години од почетокот на реализацијата на проектот, македонските возачи не можат да ја користат електронската наплата на патарините. Проектот вреден 18,7 милиони евра беше најавуван во неколку наврати досега, при што последното ветување беше дека во текот на изминатото лето ќе се стави во функција плаќањето на патарините со постпејд и припејд картички. Најновото одложување на проектот е поради тоа што ваквиот систем на наплата треба допрва да се воведе на наплатните рампи кај Градско и Миладиновци. Од ЈП за државни патишта ветуваат дека проектот ќе профункционира претстојната пролет.

 

 

Во меѓувреме, ова јавно претпријатие до мај 2019 година планира да ги воведе во функција двете нови наплатни рампи кај Демир Капија и кај Гевгелија. Заедно со нивната изградба, овие две локации ќе бидат опремени со можноста за електронска наплата на патарина. Во 2019 година ќе се градат двете наплатни рампи и на новиот автопат Миладиновци – Штип. Од ЈП за државни патишта веќе ја извршиле реконструкцијата на наплатните рампи на автопатот Скопје – Тетово – Гостивар, а догодина е предвидено да се постави и софтверскиот систем за електронска наплата на патарините.

 

Проектот за воведување електронска наплата на патарините го реализира турската компанија „Аселсан“. Возачите на македонските автопати во иднина ќе имаат можност да ја платат патарината на два начина. Првата можност ќе им овозможи да купат постпејд или припејд картичка, која што ќе мора да ја евидентираат при минувањето на наплатна рампа. Втората опција е да се инсталира електронски уред, со кој автоматски ќе се евидентира наплатата на патарина при минувањето на возилото низ неа.