Претходна статија
Од 1 јануари нов систем за наплата на билети во скопскиот јавен превоз
Следна статија
Значително намален бројот на предвидени станови за градење во мај

Електричните возила влегуваат во сообраќај и во Скопје

Објавено на 09.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По неколку години од нивното вклучување во сообраќај во европските метрополи, електричните автомобили постепено се воведуваат и во нашиот главен град. ПроКредит банка е првиот македонски субјект што ќе ги користи иновативните возила во своето непосредно работење. Оваа комерцијална банка набави пет електрични автомобили од марката „Фолксваген“, модел Е-АП. „Нашиот возен парк сега се обновува со електрични возила за урбана средина и со хибридни возила за подалечни дестинации. Во Централната управа инсталиравме 4 станици за напојување со 230 V, но во нашата нова управна зграда која е во фаза на изградба овие возила ќе се напојуваат со струја од соларни панели“, вели Емилија Спировска од ПроКредит банка.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

 

Истовремено, Градот Скопје работи на создавање услови за користење на електрични возила во сообраќајот. Првата станица за полнење електрични возила е поставена во катната гаража „Македонска фаланга“. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска ја промовираше станицата, напоменувајќи дека ЈП „Градски паркинг“ има набавено две вакви станици. „Оваа станица е наменета за полнење на сите видови електромобили и истата има два приклучоци за истовремено полнење со вкупна моќност од 22 киловати по приклучок. Еден електро автомобил целосно се полни за околу 30 минути, а со овие автомобили трошокот за возење на 100 километри изнесува околу 50 денари. Паркингот за време на полнењето во катната гаража „Македонска фаланга“ на сите сопственици на електрични мобили е бесплатно“, рече Трајановски. Вредноста на станицата за полнење електрични возила е 10.000 евра.