Претходна статија
Општина Гевгелија продава 22 парцели за домување
Следна статија
Што треба да знаете за добар избор на мебел

Еколошко загревање на училиштето „Димо Хаџи Димов“

Објавено на 30.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Карпош денеска го презентираше проектот за еколошки начин на загревање на основното училиште „Димо Хаџи Димов“. Дрвениот отпад што го собира Ј.П. „Паркови и зеленило“ на територијата на оваа скопска општина ќе се преработува во самото училиште во енергенс за греење. За таа цел, во соработка со УНДП и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) е набавена специјална машина за преработка на дрвена маса и производство на дрвен чипс. Преработеното дрво ќе се користи за загревање на просториите на училиштето, што на проектот му дава предзнак дека е енергетски ефикасен.

 

* Извор на фотографии: Општина Карпош

 

 

„Ова е заедничка акција, каде што општина Карпош ќе инвестира 2.600.000 денари, додека една организација го дава резервоарот за дрвен чипс, а другата ја обезбеди мелницата која ќе ја меле дрвената маса“, информираше градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски. Очекувањата од овој еколошки проект се дека драстично ќе се намалат сметките за загревање на училиштето. Образовната установа во моментов плаќа 2,6 милиони денари годишно за загревање на просториите, додека во иднина се очекува сумата да се намали на само 90.000 денари. На денешната промоција присуствуваше и првиот секретар на Германската амбасада во Скопје, Хелге Зандер.

 

 

 

Општина Карпош со најновиот проект ја продолжува имплементацијата на долготрајната определба за намалување на 20% на штетните гасови во атмосферата, користење на 20% на алтернативни извори на енергија и намалување на 20% на трошоците на енергија. Овие заложби се сконцентрирани околу локалниот проект 20/20/20.