Претходна статија
Промоција на првиот двокатен автобус од Јутонг
Следна статија
Real Estate „Ѕвезда“ за најдобрите проекти

Еколошката градба е клуч за македонското градежништво

Објавено на 02.03.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Македонија во градежништвото не треба да ги минува сите развојни фази, туку треба да учи од позитивните искуства од регионот и од светот и да ги усвои најдобрите практики, односно еколошката градба, беше пораката на Гај Пери, главниот говорник на меѓународната конференција која се одржа на скопскиот саем во рамките на саемот за недвижности и инвестиции REAL EX 2011 . Според Пери, градежниците треба повеќе да се насочат на градби што се добро инфраструктурно поврзани и хортикултурно уредени, бидејќи тие ќе им останат на поколенијата и секогаш ќе имаат добра цена, наспроти нивниот примарен интерес да остварат профит веднаш. Гај Пери е познат француско-американски архитект, со голем број наградени проекти на пет континенти и основач на компанијата ИН-ВИ (IN-VI).

 

Конференцијата ја отвори директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, кој истакна дека владините мерки во комбинација со стабилната макроекономска политика и нискиот даночен пакет што се нуди во Македонија даваат стабилна рамка за дополнителен развој на пазарот на недвижности. За политиката на кредитирањето на изградбата на недвижностите и станбените кредити, информираше претседателот на Управниот одобор на Шпаркасе банка Македонија, Срѓан Кристиќ. Директорот на Иморент Хрватска, дел од Ерсте групацијата за финансирање на недвижности, Томислав Матија Варга, во своето обраќање го нагласи интересот на неговата компанија за инвестирање и во Македонија.

 

Промените во законската регулатива за градежништвото и нејзиното усогласување со еврпоската се очекува да доведат до натамошен раст во градежниот сектор, беше оценето на првата панел дискусија на конференцијата, на која учествуваа претседателот на градежната комора на Сојузот на стопански комори на Македонија, Сеад Кочан, раководителот на секторот за документирање и управување со градежно земјиште на Министерството за транспорт и врски, Димитар Димовски, помошник директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славчо Трпески, како и градоначалниците на општина Прилеп и на општина Карпош, Марјан Ристески и Стевчо Јакимовски.

 

Финансирањето, како на изградбата на објектите, така и на купувачите на земјиште, станови, куќи и деловен простор, беше анализирано во втората панел дискусија во која учествуваа генералниот директор на КБ Прв пензиски фонд, Јанко Тренкоски, директорката на секторот за кредитирање на население на Комерцијална банка АД Скопје, Габриела Стојановска, директорката за корпоративно управување на Шпаркасе банка Македонија, Викотрија Јовановска, како и сопственикот на градежната компанија Адора, Ванчо Чифлиганец.

 

За подемот во изградбата на станбени и комерцијални објекти во Македонија и во регионот на последната панел дискусија зборуваа директорот и главен уредник на АГ некретнине магазин од Србија, менаџерот на Фортон за Македонија и Косово, Гзавие Пиншар (Фортон е стратешки партнер за Македонија, Србија, Косово и Бугарија на Cushman & Wakefield, најголемата приватна консултантска куќа за недвижности во светот), основачот и директорот на градежната компанија Модинг груп, Салим Хасани, како и Жаклина Рира директорка за маркетинг и продажба на Едил Ал, една од најголемите градежни компании во Албанија.