Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Комплетирана карабината на административниот објект спроти „Бристол“
Следна статија
Скопски „Бетон“ ќе ја прави фасадата на Министерството за транспорт

ЕБОР: Посветени сме на спроведување на проектот „Бошков мост“

Објавено на 26.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) информираат дека продолжуваат да бидат посветени на реализација на проектот за изградба на хидроелектраната „Бошков мост“. Сепак, тие наведуваат дека најпрво е неопходно соодветно разрешување на сите предуслови поврзани со еколошката одржливост на проектот. Обезбедувањето на 65 милиони евра од оваа финансиска институција е условено од повеќе параметри при исплатата на средствата, вклучувајќи ги специфичните еколошки и социјални предуслови, кои се составен дел од Акцискиот план за екологија и социјални услови на самиот проект.

 

 

 

Од ЕБРД посочуваат дека имаат соработка со државната компанија Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) за задоволување на критериумите за изградба на еден ваков објект во национален парк. Во тек се подготвителни работи за усогласување со барањата за еколошките и социјалните стандарди, во кои ЕЛЕМ и надворешни експерти се ангажирани при изработката на натамошни студии за биодиверзитетот, кои треба да бидат во согласност со регулативите на Европската унија.

 

Ваквата реакција од ЕБРД доаѓа само неколку дена по пишувањето на лондонскиот весник „Гардијан“ во кое се наведува дека оваа меѓународната финансиска институција е на работ од откажување на инвестицијата во хидроелектраната „Бошков мост“. Овој енергетски објект треба да има инсталирана моќност од 68,2 мегавати со просечно годишно производство на електрична енергија од 117,54 гигават часови. Хидроелектраната „Бошков мост“ е планирано да се гради во Националниот парк „Маврово“.

 

 

Бојан Блажевски