Претходна статија
Промовиран системот за автоматска локација на возила од јавниот градски превоз
Следна статија
610 илјади евра за реконструкција на осум училишта во земјава

Две години доцни изградбата на студентскиот дом „Невена Георгиева – Дуња“

Објавено на 21.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Никако да започне изградбата на студентскиот дом „Невена Георгиева – Дуња“ (во јавноста познат како „Медицинар“), кој треба да никне на местото на постоечките бараки во склоп на Клиничкиот центар во Скопје. На почетокот од годинава, Министерството за образование и наука склучило договор со фирмата „Неимар Инженеринг“ од Скопје за корекција на проектната документација со која се предвидува студентски дом од 1.200 метри квадратни. Во текот на наредниот месец треба да се реализира корекцијата на основниот проект, за што од државниот буџет се издвоени финансиски средства од 4.956.000 денари. Како што најави премиерот Никола Груевски минатиот декември, на почетокот од годинава треба да се распише тендер за избор на градежна компанија што ќе го гради сместувачкиот капацитет за студентите.

 

* Руинираните бараки на сега веќе напуштениот студентски дом „Невена Георгиева – Дуња“ во склоп на Клиничкиот центар во Скопје

 

 

И додека политичарите ветуваат, апелите на студентите пробиваа со години наназад до медиумските извештаи, но не и до ушите на македонските политичари. Македонската влада во мај 2013 година го распиша Конкурсот за избор на архитектонски труд, според кој на местото на 12-те дрвени бараки требаше да се гради новиот објект со четири ката. Тогашното ветување беше дека новиот студентски дом ќе почне да се гради најдоцна до почетокот на 2014 година.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk